Кисели се црешите од Борнмут за Тотенхем

Нејтан Аке е јунакот на Борнмут, екипа која ја искористи предноста од два играчи повеќе на теренот и го победи Тотенхем со 1:0 во меч од 37. коло во Премиерлигата.

Гостите најпрво останаа без Јужнокореецот Хјунг Мин Сон, кој беше исклучен во 43. минута, а потоа на почетокот на вториот дел, по само 120 секунди откако влезе како резерва црвен картон доби и Фојт.

Со девет фудбалери Тотенхем се бранеше умешно до самиот финиш, но ги казни Аке со прецизен удар со глава за победа од 1:0.

Тотенхем остана на третата позиција со 70 бодови, но сега Челси со триумф против Ватфорд може да го прескокне, а Арсенал ако го победи Брајтон да му се приближи на само еден бод, во битката за третата и четвртата позиција што водат во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести