Кјелини: Ги знам македонските фудбалери, тие не се случајно во баражот

Капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини, е претпазлив пред утрешниот меч против Македонија. Искусниот дефанзивец вели дека познава дел од македонските репрезентативци и дека не е случајно тоа што нашата репрезентација е во баражот.

„Треба да бидеме сигурни на теренот затоа што Македонија не е случајно во баражот. Има фудбалери кои ги знам и ги препознавам од клупскиот фудбал. Ние мора да ја играме нашата игра, да бидеме сконцентрирани и да бидеме смирени“, вели Кјелини, кој потсети дека Италија не смее да си дозволи кикс како пред четири години, кога во баражот за СП 2018 година загуби од Шведска.

„И оние играчи кои пред четири години доживеаа разочарување  исто така треба да ги задржат своите емоции под контрола. Тоа што го доживеавме пред четири години беше многу важна лекција која ја научивме“, додава Кјелини, кој вели дека одлично работи на тренинзите и дека е подготвен да го даде максимумот на теренот, секако доколку тоа од него го побара селекторот Роберто Манчини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести