Кјелини: Уништени сме, Македонија ни го урна мундијалскиот сон

Џорџо Кјелини влезе во игра во 90-тата минута за Италија против Македонија и е сведок на невидената сезнација, и тоа само 120 секунди откако го замени Џанлука Манчини, кога во 92-рата минута Александар Трајковски со историски гол им донесе победа на гостите од 1:0.

Кјелини, како и сите во таборот на Аѕурите се шокирани од неочекуваниот неуспех и за нив нема место на Мундијалот во Катар.

Македонија ќе игра завршен нокаут-меч за Светското првенство против Португалија на 29 март во Порто.

„Унишетени сме потполно. Поразот од Македонија е шокантен во неочекувано сценарио. Игравме добро, но не успеавме да дадеме гол. Сепак, горд сум на тимот, на играчите и на селекторот Манчини. Ќе мораме да почнеме одново, а знам дека Италија има сили да се издигне од пепелот“, изјави Кјелини.

Македонија нема пораз од Аурите на двете гостувања досега, а победата од 1:0 вечерва е историска за нас и за првпат ќе играме меч за пласман на Мундијал.

- Оглас -

Најнови вести