Класата е вечна: Пандев со гол ја носи Џенова кон спас во Серија А

Горан Пандев е херојот на Џенова. Капитенот на македонската репрезентација за помалку од две недели ќе го прослави 37-миот роденден, но и годините не се пречка за Пандев да погодува. Исусниот голгетер доби шанса да биде стартер против СПАЛ и покажа дека е врвен голгетер, па не случајно речиси две децении е дел од Серија А.

Во 24 минута, Пандев прими една топка на врвот од шеснаесетникот и со дриблинг се ослободи од противничкиот играч, а потоа со десната нога шутираше покрај немоќниот голман на гостите. За Пандев ова е девети погодок сезонава само потврдувајќи дека е најдобар стрелец во тимот кој се бори да не испадне од Серија А. Голот на Пандев може да го видите ТУКА.

Џенова зголеми на 2:0 во 54 минута со голот на Шоне, а Фалке во 37 минута промаши пенал. Кога веќе беше јасно дека Џенова ќе победи, Пандев беше заменет во 74 минута. Со овие три бода Џенова стигна до 30 бодови и скокна над Лече кој има 28 бодови и е во зоната за испаѓање. Лече од 19:30 часот игра на гости кај Калјари.

Освен Пандев, попладнево погоди уште еден македонски репрезентативец. Енис Барди беше прецизен за Леванте, но неговиот тим загуби на свој терен од Атлетик Билбао. Погодокот на Барди може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести