Класата на Тоти е вечна: Даде еврогол и ја одведе Рома до титула во Италија, и тоа во меч против најомразениот ривал (Видео)

Франческо Тоти, легендата на италијанскиот фудбал, веќе неколку години е во пензија, но уште знае да одигра по некој фудбалски меч. Тоти реши да заигра во првенството на Италија во мал фудбал и на крајот стана шампион.

Во финалето на турнирот, Рома го победи градскиот ривал Лацио со 2:1, а погодокот за победа го постигна токму Тоти.

Рома доби слободен удар, а Тоти реши да шутира од околу 15-тина метри. Принцот на Рим шутираше прецизно за голема радост и шампионска титула на Римската волчица.

 

- Оглас -

Најнови вести