Голден стејт лесно и убедливо славеше во Лос Анџелес против Лејкерс со 130:111, а играчот на гостинскиот тим, Клеј Томпсон, постави еден интересен НБА-рекорд. Еден од најдобрите шутери во лигата стана првиот играч во историјата на НБА кој успеал да ги погоди првите 10 удари за тројка.
Томпсон како да не можеше да утне, па на крајот мечот го заврши со 44 поени само за 27 минути поминати на теренот, погодувајќи 17 од 20 удари од поле. Интересно е што Томпсон во првото полувреме даде само три тројки, а потоа во вториот дел следуваше вистинско шоу, кога погодуваше и од 10 метри.
Само пред неколку месеци, Томпсон постави уште еден НБА-рекорд, кога на еден меч погоди 14 тројки. Овојпат застана на 10 погодени, и тоа во низа, а шампионот без проблеми го победи Лејкерс, во чии редови уште го нема повредениот Леброн Џејмс.
Резултати: Бостон – Мајами 107:99, Филаделфија – Хјустон 121:93, Јута – Портланд 104:109, ЛА лејкерс – Голден стејт 111:130, Мемфис – Њу Орлеанс 85:105, Бруклин – Сакраменто 123:94, Атланта – Орландо 103:122,, Милвоки – Далас 116:105, Вашингтон – Детроит 101:87, Кливленд – Чикаго 88:104.