Клиперс го „масакрираше“ Голден стејт, Кари од немоќ им се дереше на соиграчите (Видео)

Лос Анџелес клиперс го растури Голден стејт вориорс со 130-104, но конечниот резултат и не е драматично страшен за гостите, колку што можеше да биде, откако по три четвртини Клиперс имаше предност од огромни 36 поени разлика. По завршувањето на третиот квартал во кој Голден стејт прими 45 поени, ѕвездата на Воините, разлутениот Стеф Кари, им се дереше на своите соиграчи, во обид да ги разбуди.

Донекаде му успеа, во финишот избегната беше поголема катастрофа, но Вориорс го претрпе четвртиот пораз по ред, нивна најдолга црна серија сезонава. Кари кој блескаше на ол-стар мечот, овојпат беше запрен на само 14 поени. Од осум обиди за тројка, погоди само една, за разлика од ол-старот каде погодуваше од сите позиции.

На ол-стар натпреварот го немаше Девин Букер, а тој со 35 поени покажа дека нема повреда, и беше предводник на Феникс во победата над Портланд од 127-121. Санс има пет победи по ред, а Букер стана осмиот најмлад играч во историјата на НБА со 100 меча на кои давал 30 или повеќе поени.

Атланта со тројка на Тони Снел во последната секунда, го победи Торонто со 121-120.

Погледнете што правеше Кари, засрамен и изнервиран од изданието на Воините против Клиперс:

https://twitter.com/i/status/1370234834967097353

- Оглас -

Најнови вести