Клиперси решени да го „убијат“ Дончиќ: Морис неспортски го гази на повредената нога (видео)

Ла клиперс во голем стил возвратија за поразот нанесен од фанстастичниот Лука Дончиќ, па со убедливи 154-111 поведоа во серијата со 3-2.

Овојпат словенечката сензација не одигра на нивото на кое нè навикна да го гледаме, постигна само 22 поени, но му беше тешко сам да се надигрува со искусните Ленард и Џорџ.

Клиперси не само што имаа намера да покажат кој е главен во серијата, туку имаа намера да ѝ наштетат на младата ѕведа на Далас. Во текот на мечот, Морис намерно го згазна Дончиќ на повредената нога, по што Словенецот остана без патиката.

- Оглас -

Најнови вести