Кливленд со тројка во последната секунда го победи Бруклин (Видео)

Кливленд кавалирс благодарение на тројката на Исак Окоро на 0,7 секунди до крајот на мечот, со голем пресврт во финишот со 116:114 го совлада Бруклин нетс.

На две минути до крајот, Бруклин имаше осум поени предност (112:104), но тогаш на сцена стапија Леверт, кој даде четири, и Донован Мичел, кој постигна пет поени, и го донесоа Кливленд на минус еден на 11 секунди до крајот.

По промашувањето на второто слободно фрлање на Мичел, истиот кошаркар дојде до топката, но беше непрецизен. Потоа Леверт дојде до топката и веднаш го проигра слободниот Окоро, кому не му беше тешко да постигне тројка на 0,7 секунди до крајот за победа од 116:114.

https://twitter.com/i/status/1639083454511058944

ЛА клиперс благодарение на одличното второ полувреме, кое го доби со 73:51, на крајот успеа да слави над Оклахома сити тандер, и тоа без повредениот Пол Џорџ.
Кавај Ленард со 32 поена беше најпрецизен кај Клиперс, Расел Вестбрук даде 24 поени, додека листата на стрелци кај Оклахома сити ја предводеше Шеј Гилџес Александер со 30 постигнати поени.

Орландо меџик благодарение на одличната колективна игра успеа да направи изненадување и да слави со 111:106 над Њујорк никс. Дури шестмина кошаркари постигнаа двоцифрен број поени кај Орландо, а најпрецизен беше првиот избор од минатогодинешниот драфт, Паоло Банкеро со 21 поен.

Њу Орлеанс пеликанс со триумфот над Шарлот хорнетс од 115:96 ги задржа шансите за пласман во плејофот. Њу Орлеанс е на делба на осмото место во Западната конференција со скор од 36 победи и 37 порази, додека шестопласираниот Голден Стејт вориорс има две победи повеќе.

 

- Оглас -

Најнови вести