Клоп: Двата тима ќе атакуваат на победа, тоа е најава за одлично дерби

Ливерпул утре (17:30 часот) ќе биде гостин на Манчестер јунајтед во дербито од 34-тото коло на двата најтрофејни англиски клуба кои ќе се борат за трите бода на „Олд трафорд“. Јирген Клоп верува дека ќе има победник во дербито бидејќи и Ливерпул, а и Јунајтед, си имаат свои математики кои мора да ги остварат.

„Не сум сигурен дека ова е добар момент за гостување на „Олд трафорд“, особено што Јунајтед во четвртокот постигна шест гола против Рома, од кои пет ги даде во второто полувреме. Делуваа како да летаат на теренот, а доколку им оставиме простор да ни се заканат по нашиот гол, ќе биде опасно за нас. Мислам дека Јунајтед ќе игра со речиси истиот состав како против Рома, очекувам можеби Матиќ да биде во стартните 11, или пак Гринвуд, но сигурно Солскјер нема многу да комбинира бидејќи и тој сака да победи исто како и ние. А, што двете екипи вомечот влегуваат со цел да триумфираат, тоа е најава за одлично дерби“, истакна Клоп.

Актуелниот англиски првак е шести со заостаток од четири бода зад Челзи, односно топ 4 местата на табелата, додека Ѓаволите на Солскјер уште веруваат во чудо дека може да го стигнат градскиот ривал Сити во битката за титулата во Премиер лигата.

Уште потешка ќе биде мисијата за Клоп и неговите избраници ако се знае дека Германецот не знае за триумф на „Театарот од соништата“ четири премиерлигашки гостувања со учинок од три ремија и еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести