Клоп е цар: Лично му одговори на младиот фан на Јунајтед кој побара од Црвените да не победуваат

Додека навивачите на Ливерпул се подготвуваат за незаборавна прослава во исчекување на титулата во Премиер лигата, која им е на дофат, во градот на најголемиот нивен ривал тагуваат што Црвените се толку доминантни.

Едно 10-годишно момче од Манчестер кое се вика Дарах и е фан на Црвените ѓаволи му прати писмо на Јирген Клоп и го замоли да престане да победува натпревари со неговата екипа бидејќи да се биде навивач на Јунајтед во овој период, е многу тешко. Германскиот стратег и покрај тоа што е преокупиран со работа, најде време да му одговори на младиот Дарах.

„Драг Дарах, прво сакам да ти се заблагодарам што ми пиша. Знам дека не ми посакуваш среќа или слично, но секогаш е убаво да се биде во контакт со млад фудбалки фан без разлика што навива за нашиот ривал. За жал, не можам да го исполнам твоето барање, барем не по мој избор. Колку и да сакаш да видиш како Ливерпул губи, моја работа е да бележиме добри резултати бидејќи во светот има милиони фанови кои зависат од нас и не би сакал да ги разочараме. За твоја среќа, сме трпеле порази во минатото и нема да ги избегнеме во иднина бидејќи тоа е фудбалот. Ти сега имаш 10 години и мислиш дека работите ќе останат какви што се, но јас како повозрасен и поискусен можам да ти кажам дека дефинитивно нема да биде така. Манчестер јунајтед се среќни што те имаат за навивач, по твоето писмо можам да потврдам дека имаш голема страст кон фудбалот и мило ми е што е така. Иако нашите клубови се ривали, се надевам дека во иднина ќе се радуваш на нивни трофеи, бидејќи ние, пред сè, делиме заемен респект едни кон други. Според мене, тоа е значењето на фудбалот. Чувај се и со среќа, Јирген Клоп“, пишува во писмото.

- Оглас -

Најнови вести