Клоп: Е за ова се живее!

Витрините на „Енфилд роуд“ од синоќа се побогати за уште еден голем трофеј, тој за освоена Премиер лига. Ливерпул чекаше 30 години и синоќа дочека да се израдува на титула во домашното првенство. Еден од најзаслужните за овој успех сигурно е и германскиот стратег Јирген Клоп, кој го предводи Ливерпул од клупата.

„За ова се живее. Дадовме сè од себе. Ќе беше перфектно ако на трибините беа нашите навивачи, но ние славевме и за нив на стадионот. Фановите не се тука, но знам дека се некаде собрани и слават сега. Не сум човек кој сака да се фотографира, но освоивме четири значајни трофеи и сакам да имам фотографија со сите тие пехари. Целта ми е да освојувам уште трофеи со Ливерпул. Нема да застанеме затоа што знаеме дека другите не спијат“, рече Клоп за време на прославата, потенцирајќи дека сите треба дома да слават и да почекаат опасниот вирус да го снема, а потоа да се направи заедничка прослава.

Навивачите на Ливерпул не го слушаа многу овој совет на Клоп и се собраа пред „Енфилд роуд“ за да ја прослават титулата. Моментот од подигнувањето на трофејот и прославата на титулата може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести