Клоп го избра најубавиот гол во историјата на Бундеслигата, многумина се согласуваат со него (Видео)

Германскиот тренер Јирген Клоп изјави дека според него, најубав гол во историјата на Бундеслигата е оној на Нигериецот Џеј Џеј Окоча од сезоната 1992/93 на натпревар помеѓу Ајнтрахт и Карлсруе. Голманот кој го прими овој гол беше легендата Оливер Кан.

И самиот Кан се има шегувано на своја сметка и велеше дека уште му се врти во главата од дриблинзите на Окоча.

„Окоча го постигна најспектакуларниот гол во историјата на германскиот фудбал. Тој околу пет минути ги дриблаше Кан и дефанзивците и со финти фрлаше на земја, пред да ја смести топката во гол“, се потсети Клоп, кој говореше на тема африкански фудбалери.

„Некои од најдобрите фудбалери на светот беа од Африка, како на пример: Дрогба, Веа, Јаја Туре. Нема зошто да не купуваме африкански играчи. Единствен проблем беше кога имаше Африкански куп на нации во зима, па среде сезона требаше да ги ослободиме и еден месец да бидеме без нив“, вели Клоп, во чиј тим Ливерпул двете веројатно најголеми ѕвезди во нападот се Африканци.

Сопругата на Клоп три години живеела во Кенија, па Клоп го запознал африканскиот менталитет. Го пофали Салах, кој возел повеќе од четири часа за да стигне на тренинг и тоа го правел секој ден или Мане, кој бегал од дома за да оди да игра фудбал.

Ова е голот на Окоча за кој Клоп процени дека е најубав во историјата на Бундеслигата:

- Оглас -

Најнови вести