22.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Клоп го кажа тоа што не сакаше да го слушне ниту еден навивач на Ливерпул (Видео)

Ливерпул за прв пат по речиси седум години загуби три меча по ред во првенството. Англискиот првак водеше со 1:0 на гостувањето кај Лестер, но потоа за само шест минути прими три гола и загуби на стадионот „Кинг Пауер“. По овој неуспех, Ливерпул остана на 40 бодови од 24 мечеви и на заостанување од 10 бода зад лидерот Манчестер сити, кој попладнево игра против Тотенхем, а потоа има и уште еден меч за доигрување.

По поразот од Лестер, Клоп изјави дека првиот гол на домаќините бил постигнат од офсајд, а потоа се случил и комплетен пресврт поради грешки на гостинската одбрана. Сепак, Клоп на крајот додаде дека неговиот тим по овој неуспех ги загуби шансите за одбрана на титулата во Премиер лигата.

„Да. Не можам да верувам, но ја загубивме трката за титулата“, рече Клоп по поставеното прашање дали Ливерпул веќе нема шанси во трка за трофејот во Премиер лигата.

https://twitter.com/i/status/1360627096889012225

 

- Оглас -

Најнови вести