Клоп: Требаше да победиме, првиот гол на Лестер беше од офсајд!

После поразот на Ливерпул од Лестер од 1-3, менаџерот Јирген Клоп рече дека неговиот тим требало да го добие натпреварот, а не да го загуби. Црвените во минатото коло против Манчестер сити примија три гола за 10 минути, а и денеска им се случи истото за уште пократок период, за само седум минути трипати ја вадеа топката од мрежа.

„Ова беше чист меч кој требаше да го добиеме. Игравме добро 75 минути, доминиравме во поседот, први дадовме гол, и тогаш дојде оној пенал, не е пенал туку слободен удар, па офсајд, не е офсајд, гол. Првиот гол на Лестер, според мене беше од офсајд позиција. Тројца играчи на Лестер беа во офсајд, тој момент се покажа како решавачки. Вториот гол го примивме поради недоразбирање. Требаше Алисон да викне дека тоа е негова топка, а не слушнав никого да викне. При третиот гол воопшто не ми се допадна како се однесувавме, неприфатливо е. Не смее толку да паѓаме после еден примен гол, заслужуваме критики за тоа“ – рече Клоп после третиот пораз по ред.

- Оглас -

Најнови вести