Клоп: Играчите на Атлетико делуваа како постојано да одат да надополнат гориво

Ливерпул не успеа да упати ниту еден директен прецизен удар кон голот на Атлетико Мадрид, а тоа е само поради една причина. Домашните фудбалери неверојатно добро го покриваа секој дел од теренот, а каде што беше топката, постојано имаше по 2-3 фудбалери на Атлетико. На крајот, Јорганџиите победија со 1:0 и со предност ќе патуваат на реваншот во Ливерпул. По мечот, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, објасни како делувала ситуацијата на теренот во Мадрид.

„Играчите на Атлетико делуваа како постојано да одат да надополнат гориво, а ние како да бевме само со еден резервоар. Тоа е емоцијата, користејќи ја публиката и моќта на стадионот. Ние постојано зборуваме за моќта на ‘Енфилд’ и навивачите, а вечерва го почувствувавме тоа и во Мадрид. Иако загубивме, чувствувам дека уште сме во игра. Ова беше само прво полувреме од дуелот. Сега ќе ја имаме најдолгата пауза за полувреме и ќе се обидеме да го искористиме тоа. Второто полувреме го играме на наш терен“, рече Клоп по завршување на средбата во Мадрид.

Реваншот се игра на теренот на актуелниот европски првак, а резултатот им дава надеж на двата тима дека може да одат во следната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести