Клоп имаше што да каже по дербито со Евертон: Не видов офсајд, можеби некој ќе ми објасни зошто е поништен голот на Хендерсон

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен од играта на своите фудбалери во дербито против Евертон, а имаше и коментар за спорната ситуација во 93 минута, кога беше поништен гол за гостите со кои англискиот првак можеше да победи во Мерсисајд дербито.

„Одлично одигравме. Добар меч од двата тима. Доминиравме против тим кој е полн со самодоверба. Мислам дека ова е нашиот најдобар меч на Гудисон парк откако јас сум тренер, но за жал остана 2:2, поради некои други причини. Ќе бев многу посреќен ако победивме, но задоволен сум од играта“, рече Клоп.

Ливерпул уште по само неколку минути од мечот остана без капитенот Вирџил ван Дајк кој заработи повреда по стартот на домашниот голман Џордан Пикфорд. Клоп вели дека повредата на Ван Дајк е сериозна, а посебно реагираше за поништениот погодок на Хендерсон во 93 минута.

„Пикфорд директно отиде на ногата на Ван Дајк. Повредата делува сериозно. Што се однесува до погодокот на Хендерсон, јас не видов офсајд, но можеби ќе се најде некој што ќе ми објасни зошто е поништен. Одигравме одличен меч и требаше да освоиме три бода. Сепак, тоа е требаше и не можеме да го смениме тоа што се случи“, рече Клоп по дуелот на „Гудисон Парк“.

- Оглас -

Најнови вести