Клоп ќе му ја исполни желбата на тешко болниот Ериксон

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека тешко болниот легендарен шведски тренер, Свен-Јоран Ериксон може да му ја презеде неговата работа на еден ден.

Ериксон неодамна во интервју за шведските медиуми откри дека е тешко болен и дека му преостанува околу една година живот и притоа изјави дека најголема неисполнета желба му била да биде тренер на Ливерпул, клубот за кој навива од дете.

Кога ова го слушнал Клоп, му порача на Ериксон дека во секое време може да дојде во Ливерпул и да биде тренер на Црвените на еден ден.

„Ериксон е дојдедојден тука и може да седи во мојата фотелја во мојата канцеларија, да ја работи мојата работа на еден ден ако сака. Може да дојде и да помине неколку прекрасни часови“, изјави Клоп.

 

Тренерската кариера на Ериксон траеше повеќе од четири децении и започна во 1977 година во Дегефорс, а потоа седеше и на клупата на Гетеборг со кого триумфира во Купот на УЕФА во 1982 година. Работеше и во Бенфика, во Фиорентина, Рома, Сампдорија, Лацио, Манчестер сити и Лестер, а беше и селектор на Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести