Клоп: Ливерпул е моќен тим, треба да го потврдиме тоа против Баерн

Јирген Клоп вели дека Ливерпул има силен тим, што треба да ја потврди моќта во големи дуели, каков што е тој против Баерн во двомечот од Лигата на шампионите, кој почнува вечерва во 21 часот на „Енфилд роуд“.

„Ова е еден од оние мечеви на кои сте среќни што сте учесници. Баерн е силен тим со големо реноме, но и Ливерпул е моќен, само треба тоа да го презентираме на теренот. Ќе има многу енергија, емоции и одлична атмосфера. Знам дека нашите навивачи ќе не бодрат на фантастичен начин, а ние ќе се обидеме со квалитетна игра и добар резултат да им возвратиме“, изјави Клоп.

Против Баерн нема многу успеси, со Борусија Дортмунд загуби во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година, а има биланс од 9 победи, 4 нерешени и 16 порази, но сега како менаџер на Ливерпул веројатно за првпат во кариерата е фаворит.

 

- Оглас -

Најнови вести