Клоп: Лудо е што Јувентус нема 10 бода предност во Калчо лигата

Јирген Клоп смета дека Јувентус е фаворит за освојување на Лигата на шампионите оваа сезона. Истото мислење го имал и пред почетокот на сезоната, бидејќи составот на Маурицио Сари е најкоплетен што го видел во изминативе години. Но, на Германецот не му е јасно како толку квалитетен тим нема барем 10 бода предност во Серија А во однос на останатите конкуренти за титулата.

„Според мене, Јувентус е фаворит во Лигата на шампионите оваа сезона. Така сметав и пред да почне сезоната. Но, изгледа не следам италијански фудбал доволно, бидејќи не ми е јасно како толку квалитетен тим нема барем 10 бода предност во првенството. Тие го имаат најкомплетниот тим што сум го видел во последно време, тие се лудило од екипа“, изјави Германецот.

Меѓутоа, Клоп не ги отпиша Баерн Минхен, ПСЖ, како и Барселона и Реал Мадрид, но треба некој да го потсети дека неговиот Ливерпул е актуелен бранител на европскиот трон и дека моментално Црвените покажуваат апсолутна доминација во Премиер лигата.

Што се однесува за Јувентус, актуелниот италијански шампион води неизвесна битка со Интер и Лацио за Скудетото. Старата дама е на делба на лидерската позиција со Интер со по 54 бода, Лацијалите имаат еден бод помалку по 23 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести