Клоп: Манчестер сити и понатаму е најдобар тим на светот

Откако Пеп Гвардиола изјави дека во моментов Ливерпул е најдобар тим на светот, денеска Јирген Клоп врати со иста мерка и рече дека Манчестер сити и понатаму е најдобар и дека не го сменил мислењето од минатата година кога го кажал тоа.

Утре „граѓаните“ го пречекуваат непоразениот лидер Ливерпул во обид да ја намалат разликата во бодови и за многумина ова може да биде и меч кој ќе го одлучи шампионот во Премиер лигата, ако гостите од Ливерпул ги освојат трите бода. Клоп не мисли така.

„Мора да бидеме храбри и полни со желба. Истовремено, мора да пристапиме со лутина, како на сите досегашни мечеви. За мене, Манчестер сити е најдобриот тим на светот. Мечот е многу важен, би рекол дека победата ќе вреди 6 бода, но уште сме на почетокот на јануари, нема утре да се одлучи шампионот“, изјави Клоп, кој потврди дека Џејмс Милнер ќе може да игра откако пропушти два меча.

- Оглас -

Најнови вести