Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека ја одбил работата во Манчестер јунајтед.
„Годината кога Сер Алекс Фергусон се пензионира, тие разговараа со мене. Во еден момент и јас бев заинтересиран. Бев млад, имав сензационален тим во Дортмунд. Веројатно си мислеа: Што прави тој таму? Се обидоа да ме потпишат. Но, не беше вистинско време. Постојат и други причини зошто не ја прифатив работата. Луѓе ми кажаа работи што не ми се допаднаа. Клубот ќе ги купеше сите играчи што ги сакаше, но тоа не беше мој проект. Беше погрешно време, но покрај тоа, тоа не беше мој проект“, вели Клоп.
Клоп се присетува и дека ако станел менаџер на Јунајтед, немало да го врати Пол Погба, за кој клубот инсистирал да го врати од Јувентус на „Олд Трафорд“.
„Пол е сензационален играч, но вакви работи обично не функционираат. Не сакав Пол Погба да се врати, не сакав Кристијано Роналдо да се врати, работи што не можат да функционираат… и нема да му помогнат на проектот на клубот на долг рок, враќањето никогаш не помага“, рече Клоп во поткастот „Дневникот на еден извршен директор“.
Сега Клоп е без работа во клуб, а кога би се вратил во Премиер лигата, тоа би било само во Ливерпул.
„Реков дека никогаш нема да тренирам друг тим во Англија. Тоа значи дека ако се вратам, тоа би бил Ливерпул. Значи, да, теоретски е можно. Што треба да се случи за да се вратам? Дури и јас не знам точно. Ми се допаѓа тоа што го правам сега. Не ми недостига тренерството. Не ми недостига стоењето на дожд два и пол или три часа. Исто така, не ми фалат ни прес-конференции по три пати неделно. Не ми недостига да бидам во соблекувалната. Водев околу 1.080 натпревари, многупати сум бил во соблекувалната. Не велам дека веќе нема да тренирам, но фала му на Бога што не морам“, вели Клоп.