Јирген Клоп веќе една и пол година е надвор од фудбалската активност, но тој секогаш е интересен кога има нешто да каже. Клоп, кој работи за компанијата Ред Бул, вели дека постојано ги следи сите актуелности во фудбалот и дека со голема возбуда ги гледа натпреварите на Борусија Дортмунд.
„Секогаш сакам Борусија Дортмунд да победува. Исклучок е само кога игра против Лајпциг Ред Бул. Во сите останати натпревари јас сум навивач на Борусија“, вели германскиот тренер.
Клоп со светска слава се стекна токму додека работеше како тренер во Борусија Дортмунд, а тоа беше во период од 2008 до 2015 година. Како предводник на Милионерите, Клоп освои две титули во Бундеслигата, и тоа во 2011 и 2012 година.
По заминувањето од Борусија, Клоп беше на чело на Ливерпул цели осум сезони, а потоа одлучи да ја прекине тренерската активност.
Борусија Дортмунд викендов ќе гостува кај Баерн Минхен во најголемото дерби во Бундеслигата. Клоп се пожали дека најверојатно нема да го гледа дербито, но верува дека тоа ќе биде одличен натпревар.