Клоп подготвува реконструкција: Како ќе изгледа Ливерпул следната сезона? (Фото)

Ливерпул оваа сезона е далеку од формата која ја имаше минатата сезона и е далеку од место во Лигата на шампиони за следната сезона. Екипата во последните два преодни рока претрпе најмалку измени во однос на екипите од врвот на англискиот фудбал, но така нема да биде налето за кога е планирана комплетна реконструкција.

На излезна врата се Хендерсон и Фабињо кои се помалку можат да го следат модерниот фудбал. Тука како опција се наметнува и младиот Стефан Бајчетиќ, но тој е повреден и ќе се врати дури за следната сезона.

Приоритет на Јирген Клоп е да бидат ангажирани двајца фудбалери од средниот ред. Први на листата на желби се Рајан Гравенберх од Баерн Минхен и Алексис МекАлистер од Брајтон. Приоритет е нивниот ангажман, но на листата на желби на тренерот на Ливерпул се и Мејсон Моунт, Матеус Нуњез и Моисес Каиседо.

Останува да виде налето што од сето ова ќе биде реализирано и како ќе изгледа Ливерпур следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести