Клоп по 44 години ги батали очилата, причината е едноставна

Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп од 2015 година е во Ливерпул и ако остане до крајот на договорот, ќе биде на клупата на Црвените до летото 2026, што значи цели 11 сезони.

Тој е еден од најдобрите и најхаризматични тренери на светот, а препознатлив е и по својот имиџ. На мечевите секогаш носи капа, а заштитен знак, барем до неодамна, му беа и очилата за вид. Во последно време, од крајот на минатата сезона, Клоп не носи очила. Тој без наочари за себе смета дека изгледа необично.

„Тоа е приватна работа, но ќе ви објаснам. Очилата ги носев од својата десетта година, значи дури 44 години. Имав проблем претходните години бидејќи диоптријата ми беше огромна и очилата не ми помагаа многу. Веќе ни со нив не гледав како што треба. Единствено решение беше еден хируршки зафат. Во моментов не ми требаат очила бидејќи гледам добро, но тоа не значи дека веќе никогаш нема да ми затребаат. Ми беше чудно, кога ќе се погледнев во огледало, моето лице е поинакво“, открива Клоп.

- Оглас -

Најнови вести