Клоп пред предизвик: Никогаш не победил во Неапол

Јирген Клоп и Ливерпул вечерва во Неапол имаат сериозен предизвик, да совладаат тим кој не го добија на последните два меѓусебни дуели.

Во последните четири години, мал број тимови може да се пофалат дека имаат позитивен скор против Црвените во ЛШ. Освен Реал Мадрид, и за Наполи може да се каже дека не му лежи на Ливерпул.

Од последните четири дуели, Наполи доби два, а по еднаш беше нерешено и победија Англичаните. Лично Клоп како тренер, никогаш не победил во Неапол, а гостувал таму и со Ливерпул и со Борусија Дортмунд.

И Карло Анчелоти од Реал Мадрид до синоќа не знаеше за победа против Селтик во Глазгов, а имаше гостувано трипати таму, но го разби малерот. На потег е Клоп.

- Оглас -

Најнови вести