Ливерпул е единствен тим во Европа кој се бори за четири трофеи сезонава, има шанса да освои Лига на шампиони, Премиерлига, ФА куп и Лига куп, па тренерот Јирген Клоп е задоволен. Ливерпул до крајот на сезонава ќе одигра уште дури 11 меча.
„Апсолутно сум горд. Мислам дека првото полувреме беше едно од најдобрите кои сме ги одиграле. Погодувавме во вистински моменти, не грешевме, одигравме неверојатно полувреме и уживав во секоја секунда. Квалитетот на Сити е ненормален, придонесоа за отворен меч, многу е тешко да победиш“ – анализираше Клоп после победата од 3-2 во полуфиналето на ФА купот.
Што се однесува до освојување на четири трофеи сезонава, Клоп „ја смирува топката“.
„Не ми се верува дека се зборува за тоа. Имаме уште многу натпревари за играње, нема да имаме ниту една слободна недела до крајот на сезоната. Тешко е, но сакавме да играме финале. Денеска го победивме најсилниот тим на светот и тоа е посебен момент за нас“ – изјави Клоп.