Мојсес Каиседо е новиот најскап фудбалер во историјата на Премиер лигата откако Ливерпул ја исполни желбата на Брајтон и се согласи да плати рекордни 127 милиони евра.
Челзи долго време беше во игра за потписот со Каиседо, но Сините не сакаа да платат колку што бараше Брајтон, по што вчера во трката по потписот со еквадорскиот репрезентативец се вклучи Ливерпул и експресно го договори трансферот согласувајќи се да плати рекордни 127 милиони евра.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1689794217894158336?s=20
Досегашниот рекорд го држеше Арсенал кој на почетокот од летниот преоден рок плати 122 милиони евра за трансферот на Деклан Рајс од Вест хем.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, извршил голем притисок врз управата на Црвените да го одврзат ќесето, плашејќи се дека повторно може да остане без Лигата на шампионите, и на крајот успеа во намерата.
Ливерпул во летниот преоден рок донесе само две засилувања, Доминик Собослаи од Ред Бул Лајпциг и Алексис Мекалистер од Брајтон.
Интересно е што пред неколку месеци сопствениците на Ливерпул не сакаа да платат 100 милиони евра за Џуд Белингам, кој беше подготвен да се врати во Премиер лигата.