Клоп вчера се радуваше на пехар со Ливерпул, денеска сериозно се разочара

Јирген Клоп имаше многу причини за радост вчера, по победата на Ливерпул во Суперкупот на Англија против Манчестер сити со 3:1, но денеска расположението му го расипаа резервите на англискиот гигант.

Ливерпул загуби на „Енфилд Роуд“ со комбиниран тим на дуелот против Стразбур и тоа убедливо со 0:3.

На Германецот му е јасно дека има голем јаз меѓу првотимците и резервите што е лошо за настап на повеќе фронтови, каква што и ќе биде новата сезона за Ливерпул.

Клубот има големи амбиции да се освојуваат титули во домашното првенство, во Лигата на шампионите и во двата купа во Англија, ФА купот и Лига купот.

Стразбур денеска победи многу лесно, со три гола од четвртата до 21. минута, а стрелци беа Томасон двапати и Дијало.

Ливерпул ќе го почне новото издание на Премиерлигата со меч против Фулам на гостински терен на 6. август.

 

- Оглас -

Најнови вести