Припадниците на ЛГБТ заедницата во Мексико сити, пред неколку години формираа свој фудбалски клуб кој сезонава игра одлично. Депортиво Мухес е клуб кој се натпреварува во четвртата лига во Мексико и има одлични шанси да се избори за влез во еден подобар ранг.
View this post on Instagram
Дресовите на овој клуб се во љубичасто-бела боја, а очекувано е дека капитенот носи лента во боите на виножитото. Во последниот меч што го одиграа, Депортиво Мухес убедливо со 3:0 славеше над Азул Океанија.
View this post on Instagram
Основачот на овој клуб е Марко Алмараз вели дека сака да направи револуција во фудбалот во Мексико и да основа женска екипа, но и екипа во младинска категорија.
„Сакаме да направиме револуција во мексиканскиот фудбал во социјална смисла. Ова е со гордост и голема одогворност“, вели Алмараз, чиј тим моментално е на четвртото место во доигрувањето.
View this post on Instagram

