Клуб од Тајланд ги надмина сите, ова е најлудото претставување на дресови (Видео)

Четворица фудбалери на Бурирам, клуб од Тајланд, учествуваа во музичкиот спот при претставувањето на третата гарнитура дресови за новата сезона во една од најлудите фудбалски промоции.

Видеото стана хит, а е снимано на неколку различни локации и очигледно е дека е промоцијата била долго подготвувана.

Бурирам има 51-годишна фудбалска традиција и 7 пати беше шампион на Тајланд. Тие се единствениот клуб во земјата со триплета, а освоија три пехари во 2011 година, кога беа шампиони, победници во националниот куп и во Лига купот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести