Клуб со вакви навивачи не може да згасне

Примивме безброј пораки и писма со кои ни потврдувате дека не ги барате парите назад од влезници за натпревар што нема да се одигра. Воодушевени сме и горди што имаме вакви навивачи, објавија од таборот на Кајзерслаутерн.

Симпатизерите на германските „Црвени ѓаволи“ уште еднаш покажаа колку се лојални на клубот што е во голема криза, а е четирикратен првак на земјата.

Грото од нив не сакаат да им се вратат парите со кои купуваа билети за натпревар(и) што се одложени поради Коронавирусот.

Кајзерслаутерн игра во Третата лига, но е еден од клубовите што оставил длабока трага во германскиот фудбал. Имаат по четири шампионски и вицешампионски круни, двапати го освојуваа и пехарот во националниот куп, а многупати со успех ја претставуваа земјата и во еврокуповите.

И имаат навивачи со кои можат да се гордеат и кои пред неколку години со прекрасна и сложна акција собраа околу 11 милиони евра и го спасија клубот од бришење од фудбалската мапа.

Честопати фановите на Кајзерслаутерн, кои во Германија се сметаат како едни од најлојалните и најорганизирани знаат да го наполнат до последно место „Фриц Валтер“ стадионот со капацитет од нешто помалку од 50 илјади места, иако клубот игра во третото по ранг натпреварување во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести