Клубот во кој беа Баџо, Гвардиола, Хаџи, Пирло, првпат во 114 години постоење станува аматерски!

Фудбалската федерација на Италија официјално потврди дека на клубот должник Бреша, не му се дозволува настап во Серија Ц, и со тоа, Бреша после 114 години постоење, првпат ќе биде надвор од професионалните лиги во Италија.

Бреша е некогашен прволигаш, а поради долгови, не доби лиценца да игра во трета лига. Немале платено ни таксата за регистрација за учество во Серија Ц, ниту го депонирале побараниот износ како прва гаранција од 350 илјади евра.

Бреша во минатата сезона играше во Серија Б и испадна во ранг подолу, но нема да биде дел од Серија Ц и ако сака рестарт, ќе мора да почне од Серија Д.

Инаку, Бреша вкупно 23 години била прволигаш во Серија А, дресот на тимот го носеле големи имиња како Роберто Баџо, Пеп Гвардиола, Георге Хаџи, Андреа Пирло, Лука Тони, Марио Балотели, итн.

 

- Оглас -

Најнови вести