Клупски колега на Никола Митревски од Порто се бори за живот
Алфредо Кинтана, 32-годишниот голман на португалскиот првак, е во индуцирана кома по инфарктот што го доживеа вчера попладне на тренинг.

Алфредо Кинтана е во индуцирана кома и лекарите се борат за неговиот живот откако 32-годишниот голман на Порто вчера попладне на тренинг имал инфаркт.
Клупскиот колега на Никола Митревски доживеал срцев удар и се бори за живот. Кинтана е дел од триото голмани на Порто, заедно со нашиот репрезентативец и со Диого Маркес, а бранеше за Португалија на Европското првенство во јануари годинава.
Кинтана е роден во Хавана, Куба, но има португалски пасош и бранеше за репрезентацијата на оваа земја на 56 натпревари. Веднаш по срцевиот удар бил пренесен во болницата „Сао Жоао“ во Порто и сè уште е во животна опасност.