По неуспешниот викенд во кој немаше добитници на награди, новото 11-то коло е нова можност за учесниците на Спортската прогноза што ја организираат Спорт Манија и Sport Life. Во претстојниот викенд задачата е да се погодат исходите од паровите од домашните првенства низ Европа. Тоа е добра вест за прогнозерите бидејќи во погодување на резултати на репрезентациите некако одеше потешко.
Гостувањето на Горан Пандев и Џенова кај Удинезе е само еден од 13-те пара кои ви ги нудиме во новото коло на Спортската прогноза. Можете да прогнозирате до сабота до 15 часот, за кога е закажан овој меч од Серија А во Удине.
Во саботната понуда има и по еден меч од Англија, Шпанија и Белгија. В недела има еден куп интересни мечеви. Треба да погодите како ќе заврши најголемото дерби во Шкотска, а има дербија и во Италија, Холандија, Англија и Шпанија. И двата резервни пара се интересни мечеви кои се играат в недела.
Прогнозирањето е исклучително лесно, само треба да ја посетите страницата на Спорт Манија и во неколку едноставни чекори да прогнозирате 13+2 двојки за новото коло. Погледнете кои се паровите за новото коло и учествувајте во трката по награди и што подобар пласман во Генералниот пласман.
Прогнозирајте 13 + 2 натпревари (двата дополнителни пара се резервни во случај на одложен или за прекинат натпревар од главните 13) секој вторник до почетокот на првиот натпревар.
Правила
- Прогнозерот со погодени 13 натпревари добива телефон iPhone XS.
- Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
- Прогнозерот со погодени 11 натпревари добива ваучер од 500 денари.
- Прогнозерот со погодени 10 натпревари добива ваучер од 200 денари.
Доколку двајца или повеќе прогнозери се во конкуренција за еден од двата телефони во едно коло, подарокот се дели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност на освоениот телефон (60.000 денари, односно 15.000 денари).
За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija
Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.
Добитникот на материјалните награди треба да се идентификува со лична исправа со име кое се поклопува со Facebook профилот од кој е прогнозирано.
Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.
На една Sport Life клуб картичка може да се префрли само еден ваучер во тековно коло.
Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.