Коби Брајант и останатите патници инсистирале хеликоптерот да полета

Поминаа речиси четири месеци од трагичната несреќа во која загина легендарниот кошаркар Коби Брајант, а страстите уште не се смирени. Коби заедно со уште седуммина патници и пилотот загинаа на 26 јануари во близина на Лос Анџелес, кога поради слабата прегледност, хеликоптерот се урна во еден рид.

Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, заедно со останатите патници поднесоа тужба против пилотот и компанијата во која тој работел, но веднаш реагираа од семејството на пилотот Ара Зобајан. Братот на загинатиот пилот тврди дека до несреќата дошло поради инсистирањето на патниците хеликоптерот да полета.

„Трагедијата се случи поради неодговорните патници. Тие биле свесни за ризикот и опасноста која ја имале, но сепак инсистирале да полетаат. Временските услови биле лоши, не требало да се лета, но патниците барале да полетаат. Тоа само потврдува дека пилотот не може да биде виновен за несреќата“, вели Берг Зобајан, братот на загинатиот пилот Ара.

- Оглас -

Најнови вести