Коби не е првата кошаркарска ѕвезда која заврши трагично

Радивој Кораќ, Фернандо Мартин, Дражен Петровиќ и Коби Брајант се најпознатите кошаркари кои својот живот го загубија на трагичен начин, без да дочекаат природна смрт.

Кораќ во 1969 година имаше 30 години кога загина во автомобилска несреќа во близина на Сараево. Популарниот Жучко беше една од првите ѕвезди на југословенската кошарка, по него ФИБА го крсти клупското натпреварување кое постоеше до 2002 година, а сега купот на Србија се вика Куп Кораќ.

Мартин беше првиот Шпанец кој заиграл во НБА, а на 3 декември 1989 година загина во сообраќајка во Мадрид. Мартин ја возел колата и удрил во друго возило додека одел кон салата во која неговиот Реал Мадрид требаше да игра со Сарагоса.

Љубителите на кошарката се сеќаваат и на 7 јуни 1993 година, кобниот датум за хрватската и светската кошарка, кога светот остана без својот Моцарт, како што го викаа Дражен Петровиќ. Дражен загина на автопат во Германија, а беше на совозачкото место.

Брајант не загина со автомобил, туку со хеликоптер кој често го користел. Тој имаше 41 година и беше пензиониран како играч, но не дочека ќерката Џиџи, која загина со него, да ја гледа во ВНБА.

- Оглас -

Најнови вести