Кочани се радува на седумката на лото, добивката е огромна и изнесува околу 440.000 евра

Среда беше среќна за Кочани, а во уплатното место „Балила 1“ на Државна Лотарија на Македонија уплатен е добитен тикет на лото и седумката носи 27.385,728 денари, или околу 440.000 евра.

Добитна во 11-тото коло во најпопуларната игра што ја организира Државна Лотарија е комбинацијата со броевите 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37, што беа извлечени вчера, на 9 февруари.

Уплатата е само 40 денари, за кои среќниот добитник со погодена седумка доби огромна сума пари во износ од над 27 милиони денари.

Интегрално ви го пренесуваме соопштението на Државна лотарија:

„Државна лотарија со радост известува дека во 11-тото коло од играта на среќа Лото 7, падна седумка лото-премија во вредност од 27.385,728 ден., (околу 440.000 евра). Извлекувањето се реализираше во среда, на 9 февруари (2022 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.

Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место „Балила 1“ во Кочани. Уплатени се 2 лото-комбинации, а добитна е втората комбинација со броевите: 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37.

Ова е петта седумка од играта на среќа Лото 7, а 26-та лото-премија од почеток на приредување на лото-игрите на среќа (од 2010 година).

Во јуни, 2021 година, Семејството Велковски од скопско Визбегово ја постигна досега најголемата премија во износ од 41.163,771 денар, уплатена во ЈМБ Компани – Визбегово. Во септември, 2020 година, Семејството Јанковски од Битола ја постигна досега најголемата премија во износ од 31. 165, 143 денари, уплатена во Алек Табак во Битола. Една година претходно (2019 г.), среќните броеви уплатени во Аива Кичево, на Зоран Митаноски и неговото семејство им донесоа седумка вредна 11. 966, 712 денари, само по 5 месеци откако беше постигната првата седумка на Лото 7, на 8 мај 2019 година, во износ од 299.293,990 денари, во Кавадарци.

Во историјата на лото-игрите на среќа на Државна лотарија, за седумка досега се славеше во градовите: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје. Од скопските општини, на мапата на седумката запишани се Општина Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Чаир и населбата Визбегово. По првпат славиме за седумка и во Кочани.

Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – да се добие седумка на лото. Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитникот и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на лото-играчот чиишто среќни броеви му донесоа добивка во износ од 27.385.728 ден., за само 40 денари.

Во тек е уплатата за 12-тото коло, а премијата за седумка изнесува 7 000 000 денари.

Во зимските денови Ви предлагаме онлајн уплата и онлајн игра на www.loto.mk.“

- Оглас -

Најнови вести