Кочов: Имавме НБА-ритам, одиме на победа и во вторник

Ѓорѓи Кочов им честиташе на своите избраници за одличната игра против Задар на гостински терен и победата што ги носи на чекор до враќање во АБА-лигата. МЗТ Скопје направи брејк на гости и во вторник на свој терен со победа ќе го запечати пласманот во елитната Регионална лига.

„Задоволен сум од играта на моите кошаркари. Им честитам, бидејќи не беше лесно да се игра. Во последно време играме во НБА-ритам, имаме многу натпревари, но сепак успеавме. Се надевам дека и во вторник ќе славиме и ќе се вратиме во АБА-лигата“, изјави Кочов.

Тренерот на МЗТ Скопје додаде дека амбиентот и традицијата што ја носи салата „Крешимир Ќосиќ“, или многу попозната како „Јазине“, бил вистински предизвик за неговите играчи.

„И шутерски бевме во елемент, што и не беше баш така на последните натпревари. Веројатно и амбиентот во една од најпознатите кошаркарски сали во Европа беше предизвик да се одигра добро“, додаде Кочов.

Сега МЗТ ќе биде домаќин во вторник и ако победи, ќе се врати во АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести