Кочов: Лошо се браневме, продолжуваме со кренати глави

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, не беше задоволен од изданието на своите играчи во првото овосезонско дерби против Работнички, кое „штрковите“ го загубија по неизнесна завршница. Кочов ги потенцираше грешките, но исто така истакна дека ова е само почеток на сезоната.

„Не смеевме на таков начин да влеземе во мечот. Работнички со комбинирана одбрана се обиде да ни ги помати плановите  и успеаја во тоа. Ние ниту имавме ефективни контра-напади, ниту се браневме како што треба. Кога се договоривме да правиме фаули на кон крајот, не го направивме тоа, па им дозволивме да погодат неколку клучни шутеви. Ќе беше убаво да го добиеме првото дерби за сезонава, сепак, ова е само почеток, ние продолжуваме со кренати глави“, истакна Кочов по мечот.

За „штрковите“ ова е втор пораз во домашниот шампионат, откако на стартот од сезоната претрпеа пораз од Блокотехна.

- Оглас -

Најнови вести