Коџа: Сакав да го плукнам судијата в лице, но ми се стемни пред очи и го удрив

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, со нокаутот што му го даде на судијата Халил Умут Мелер ја згрози светската фудбалска јавност и предизвика застој во турскиот фудбал и одложување на сите фудбалски мечеви во оваа земја.

Коџа беше приведен, осуда за неговиот потег дојде и од претседателот Ердоган, а Ердоган побарал Коџа да биде исклучен и од неговата партија.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата против мене. Овој инцидент се случи поради лоши одлуки на судијата и негово провокативно однесување. Сакав да реагирам вербално и да го плукнам, но ми се стемни пред очи и го удрив. Не ми беше намерата да го повредам. Тој по ударот стоеше на нозе 5-10 секунди и дури потоа падна. Имам срцеви проблеми, веднаш ме изнесоа надвор од теренот“, рекол првиот човек на Анкарагучу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести