Кое е детето родено 2004 година што даде гол во турската прва лига? (Видео)

Фудбалерот на Кајсериспор, Емре Демир, го постигна својот прв гол во професионалната сениорска кариера и тоа далеку пред да стане полнолетен. Голот што го постигна на мечот со Генчлербирлиги, само три минути откако влезе во игра, ќе остане запишан во историјата на турскиот фудбал.

Досега најмлад играч кој имаше дадено гол на прволигашки меч во Турција беше Енес Унал, кога имаше 16 години. Емре Демир е осми најмлад стрелец во историјата на европскиот фудбал. Тој е роден во јануари 2004 година, а ова му беше трети настап за првиот тим на Кајсериспор.

Тимот од Кајсери го загуби мечот, се наоѓа во битка за опстанок, но дефинитивно има играч кој има светла иднина, и може многу да им помогне, макар и финансиски ако го продадат за голема сума.

https://www.youtube.com/watch?v=ClIM-p54tpI

- Оглас -

Најнови вести