Старт како што само можеше да се посака за Македонија, победа над Украина која ги зголемува шансите за пласман во главната фаза од Европското првенство во Виена. Нашите ракометари беа фаворити пред синоќешниот дуел и во речиси цел меч имаа предност. Сепак, победата стигна буквално во последната секунда кога погоди капитенот Кирил Лазаров.
Следен противник на Македонија е Чешка. Тоа е еден од најголемите ривали на нашата селекција. Досега против Чесите имаме одиграно дури 14 меча, а билансот не е во наша корист. Имаме пет победи и три нерешени, а Чесите се радувале шест пати.Вкупно имаме дадено 373 погодоци, а сме примиле 407.
На ЕП против Чешка имаме четири меча во кои еднаш сме победиле, еднаш одигравме нерешено, а два пати сме поразени. Според коефициентите на Sport Life и утре може да се очекува драматичен меч против Чешка. Актуелните коефициенти покажуваат дека Македонија е благ фаворит, затоа што за победа на нашата селекција коефициентот е 2,10, додека за победа на Чешка коефициентот е 2,15. За нерешено се дава коефициент 8.
Дуелите на македонската ракометна репрезентација најчесто се неизвесни и драматични до крај, но сепак со уплатен тикет, драмата е уште поголема.