Кога двајца се караат кој да изведе пенал, најмногу користи голманот (видео)

Неверојатно комична ситуација, а трагична за тимот на Чикаго, се случи ноќеска во дуелот од МЛС лигата. Гостинските фудбалери Медран и Бериќ се расправаа кој да шутира пенал, по цела минута расправија Медран излезе како „победник“, меѓутоа подобро ќе му беше да му ја дадеше обврската на соиграчот.

И трет играч на Чикаго мораше да интервенира и да ја смири ситуацијата, а Медран се посрамоти откако неговиот удар беше одбранет од страна на голманот на Орландо, по што домаќините ја задржаа предноста од 2-0, а потоа и триумфираа со 4-1.

- Оглас -

Најнови вести