Кога е неочекувано е најслатко – Стаса честитка од Париз од најомразениот лик на навивачите на Милан (Фото)

Џанлуиџи Донарума ја испрати веројатно и најслатката честитка за освоената титула на Милан во Италија, а голманот кој не е омилен кај навивачите на Росонерите постапи џентлментски со јавна објава на социјалните мрежи.

Донарума беше омилен лик кај симпатизерите на Милан се до моментот кога одби да го продолжи договорот, барајќи поголема плата.

Навивачите на Росонерите го обвинија дека е алчен и му смислија прекар „Доларума“ и по целата сага и трансферот во Пари Сен Жермен им стана најморазениот лик.

Му порачуваа да не доаѓа во Милано, го исвиркуваа на фајналфор турнирот кога бранеше за Италија во Лигата на Нации и го нарекоа предавник.

Сега можеби е време за простување, во ситуација кога Милан го слави 19-то Скудето, успех на кој честиташе и Донарума.

 

Милан со победа против Сасуоло од 3:0, вчера во последното коло во Серија А по 19-ти пат стана првак на Италија и освои шампионска круна по 11 години пауза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести