Кога гостува Севилја веќе се знае: нерешено и 0-2 гола, и вечерва се случи истото

Севилја одигра само 0-0 на гостувањето кај Алавес, и иако имаше огромен посед на топката, не успеа да создаде премногу шанси и да даде гол. За андалузијците кои се втори на табелата и се борат со Реал Мадрид за титулата, ова е четврти нерешен резултат по ред на гостувањата во Ла Лига.

Од четирите гостински ремија едноподруго, по две им се со резултатите 1-1 и 0-0. Севилја има серија од девет меча по ред без пораз од Алавес, и низа од шест гостувања во Баскија без пораз, но тоа им е слаба утеха.

За Севилја ова е десетти нерешен резултат сезонава, а од 2003 година наваму, ниту еден тим со двоцифрен број ремија не успеал да освои титула во Шпанија.

Севилја има пет бода помалку од лидерот Реал, а Кралскиот клуб утре игра дома со Реал Сосиедад, и со победа би побегнал на комотни осум бода разлика.

- Оглас -

Најнови вести