Кога игра Македонец во тимот Риека го освојува пехарот во купот

Дарко Велковски одигра беспрекорно во финалето на хрватскиот куп и залсужено се радува на пехарот по победата на Риека од 1:0 против Локомотива, вечерва во Шибеник.

Македонскиот репрезентативец успешно командуваше со одбраната на победничкиот состав, кој не губи финале кога има Македонец во тимот.

Пред Велковски во 2017 година Стефан Ристовски и Леонард Жута беа бековскиот тандем на Риека што се радуваше на успех во мечот за титулата, а тогаш победен беше Динамо Загреб со 3:1.

Вечерва во Шибеник победникот го одлучи голот на Тибор Халиловиќ во 76. минута, а ова е и слатка одмазда на Риека за ривалот од Загреб, кој ги претрка во возбудливата трка за место во Лигата на шампионите и тоа за само еден бод.

Риека го освои шестиот куп-пехар и се израмни со Хајдук на второто место на вечната листа со најтрофејни екипи во Купот на Хрватска. Прв е Динамо Загреб со 15 пехари.

Во истиот термин од 20.30 часот се играше финалето на Купот и во Белгија, а со идентична победа од 1:0 Антверпен го победи фаворитот Бриж и го освои пехарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести