11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Кога игра Сараево во Зрињски на „Кошево“, тоа е обично со 0-2 гола

3191 Сараево – Зрињски (18.00 часот)

Ова е дерби во лигата на Босна и Херцеговина, иако сезонава Сараево не ги бележи резултатите кои ги посакува и од девет меча има собрано само 10 бода, па мораше и да го смени тренерот Мусемиќ. Ова е на некој начин и „македонско дерби“, членови на Сараево се Стефан Ристовски и Елези, а во тимот од Мостар е Дарко Велковски. Зрињски, кој игра и во Конференциската лига на УЕФА, во досегашните осум лигашки средби прими само три гола и има само еден пораз наспроти петте на Сараево. Последните 11 меѓусебни дуели на овие екипи во Сараево беа со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.01)

 

2816 Хвидовре – Лингби (19.00 часот)

Двата тима се во налет и имаат по три победи по ред во втората данска лига и се борат за место во плејофот кое води во разигрување за влез во елитното друштво. Лингби со 22 гола на 11 меча и просек од два постигнати гола по меч, е најефикасен тим во лигата, а во одбраната на Хвидовре е повремениот македонски репрезентативец Илјазовски. Пред два месеца, кога Лингби беше домаќин, Хводовре победи во меѓусебен дуел со 2-1, Лингби е тим на чии мечеви во последниот еден пол месец секогаш имало барем два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

2854 Ботошани – УТА Арад (19.90)

Ботошани собра 13 бода од можни 15 во претходните пет кола, а ако победи и вечерва, ќе се изедначи со Рапид Букурешт, кој е прв на табелата. Ботошани е најефикасен тим во лигата и важи за фаворит за победа, додека гостите од Арад се специјалисти за ремија, во досегашните 11 меча, дури седумпати играа нерешено. Арад има само еден пораз сезонава, исто како и Ботошани, а седми е на табелата со 6 бода помалку од тимот на кој му гостува. Во Арад има двајца македонски фудбалери, Дин Аломеровиќ и голманот Дени Илиев.

Предлог тип:& 0-3 (1.79)

 

1640 Витесе – Ден Бош (20.00 часот)

Екипата на Витесе има -2 бода по шест одиграни меча, а Ден Бош е на 14 бода од девет настапи. Витесе почна со казна од -12, па затоа е убедливо последен на табелата во моментов, но победија на три меча од последните четири и ако продолжат вака, ќе го напуштат дното. Ден Бош во последните три кола имаше по една победа, пораз и реми. Традицијата го фаворизира домаќинот, Ден Бош никогаш не победил во Арнхајм. Последните три меѓусебни дуели им беа со 3+ погодоци, а и двата тима даваа гол.

Предлог тип: 1+I & 2+II (2.17)

 

1322 Културал Леонеса – Албасете (20.30 часот)

Двата тима се во долниот дел на табелата во шпанската втора лига, но Албасете има две победи по ред, додека Културал Леонеса своите две победи сезонава во седум кола ги извојува во последните три кола. Албасете е тим кој во просек и дава и прима по два или повеќе гола на меч. Тимот од Леон дома не знае за победа уште од 10 мај, кога уште беше третолигаш, а Албасете славеше на гости кај Спортинг Хихон со 4-3 во минатото коло и тоа им е единствена гостинска победа.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести