Кога имаш хет-трик од хет-трикови, а не си единствен

Кристијано Роналдо конечно успеа да го стаса Алексис Санчес и тие се двајцата фудбалери што имаат постигнато по три гола на барем еден меч во трите најсилни фудбалски лиги во светот, Серија А, Ла Лига и Премиерлига.

Вчерашниот хет-трик против Сампдорија за Кристијано е прв во Калчото, а со него се израмни со Чилеанецот, кој постигнуваше по три гола на барем еден меч како играч на Удинезе во Италија, на Барселона во Шпанија и за Арсенал во Англија.

Роналдо има еден хет-трик како играч на Манчестер јунајтед, од вчера и за Јувентус, а особено блескаше во Шпанија како играч на Реал Мадрид со неверојатни 34 меча на кои постигнуваше најмалку по три гола, од вкупно 292 натпревари што ги одигра за кралскиот клуб.

Со вкупно 14 погодоци сезонава во Калчото, Роналдо го дели второто место со Лукаку на листата со најдобри стрелци, зад извонредниот шпиц на Лацио, Чиро Имобиле, кој ја тресеше мрежата на ривалите дури 19 пати.

Лани во дебитанската сезона во дресот на Јувентус популарниот ЦР7 постигна 21 гол и беше четврти стрелец во шампионатот на Италија, зад Квалјарела со 26, Запата со 23 и Пјонтек со 22.

- Оглас -

Најнови вести