Кога ќе се заглават два „џина“, тогаш тешко се станува од паркетот во НБА-лигата (ВИДЕО)

Дуелите и падовите на паркетите низ натпреварите во НБА-лигата се честа појава, но на средбата меѓу Милвоки бакс и Бостон селтикс се случи една навистина комична ситуација.

Јанис Адетокумбо и Маркус Смарт по еден дуел завршија на паркетот, и тоа со прекрстени нозе, а кога џинови ќе завршат на паркетот коишто заедно имаат висина од над четири метри и повеќе од 200 килограми, навистина тешко се станува.

Потребни им беа неколку обиди да станат од паркетот, а реакцијата на двајцата кошаркари на крајот е комична откако Јанис се откажа да стане, а Смарт иако во неколку наврати му подаде рака, виде дека нема интерес од ривалот за да ја прифати и да стане.

- Оглас -

Најнови вести